На една маса може неограничен број гости, кафеаните и внатре и надвор ќе работат со 50% од капацитетот на објектот

од Берта Китинска

Се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во отворените така и во затворените делови на овие угостителски објекти, одлучи Владата на вчерашната седница. Исто така, во затворениот и во отворениот дел од објектот, може да има најмногу 50% од капацитетот на објектите.

За угостителските објекти за организирање прослави, веселби и свадби, остануваат во сила постојните мерки и протоколи.

Слични содржини