На Европа ѝ се заканува опасен вид инсекти: Нивниот убод може да убие, а тие се шират немилосрдно

од Nikola Popovski

Азискиот вид на стршлен за првпат е забележан во 2004 година во Франција, од каде се шири во остатокот од Европа. Сега мала група експерти во Велика Британија започнала да се бори против овој вид за да го спречи нивното ширење.

Овој вид е немилосрден убиец на инсектите, особено пчелите кои можат да изедат до 50 на ден во случај да се чувствуваат загрозени. Тие напаѓаат во големи групи, а во Европа се забележани повеќе смртни случаи од убоди од овој вид стршлен.

Британското здружение на пчелари објавило дека пронашле ново гнездо во областа Монмаунтшир во селото Рогит, но не можат да бидат сигурни дали е уништено.

„Имаше толку малку, па се осмелив да го отстранам“, изјавила Сион Фрај (37), чиј сопруг Бен нашол гнездо на покривот од нивната пролетна градина. Таа го сликала гнездото и фотографијата ја објавила на апликација дизајнирана од Министерството за храна, животна средина и рурална политика за вакви случаи, пишува „Дејли Мејл“.

Во случај кралицата да преживее, тогаш ќе започне со ново гнездо на некое друго место што е доволно добра причина за загриженост, особено откако се објави што се случило во Галиција, Шпанија каде што проблемот бил игнориран.

Имено, во 2014 година, таму се евидентирани само 4 гнезда, а денес има околу 10 илјади.

Наоѓањето гнездо е само дел од предизвикот. Имено, стршлените прават гнездо земајќи дрво кое гние и го поврзуваат со нивната плунка. Во ова време од годината, гнездото може да биде со големина на тениска топка, додека до есен може да биде поголемо од контејнер за ѓубре. Но, бидејќи тие го користат она што го наоѓаат во природата, тешко е да се забележат.

Боб Хоџ кој го предводи тимот што наоѓа и уништува гнезда, само минатата година уништил 73 гнезда и се надева дека ќе биде исто толку успешен и оваа година.

Слични содржини