На Евровизија следната година ќе учествува 41 држава

од Stefanija Kuzmanovska

Европската радиодифузна унија соопшти дека 41 држава го потврдила учеството на „Избор за песна на Евровизија“, која следната година треба да се одржи во холандскиот град Ротердам.

Учеството на натпреварот следната година го потврдија истите земји што требаше да настапат на овогодинешниот „Избор за песна на Евровизија“, кој беше откажан поради пандемијата на коронавирусот.

Поради откажување на натпреварот, Европската радиодифузна унија донесе одлука следната година повторно да им ја препушти организацијата на „Евросонг“ на холандските радиодифузери, а фестивалот треба да се одржи од 18 до 22 мај 2021 година.

Извршниот продуцент на натпреварот, Сајс Бејкер, изјави дека организаторите поставиле високо скалило за претстојниот натпревар и дека се подготвува протокол со цел да се заштити здравјето на вработените, натпреварувачите, новинарите и посетителите.

Слични содржини