На „Евзони“ откриени 90 килограми канабис во камион од Македонија

од Берта Китинска

На граничниот премин Евзони, во камион што во Грција влегол од Северна Македонија, биле откриени 90,5 килограми канабис, јави дописничката на МИА од Атина.

Канабисот бил откриен со помош на кучиња душкачи и припадници на грчката Независна служба за јавни приходи.Суровиот канабис, според грчките медиуми, бил спакуван во 88 пакувања скриени во петте резервните гуми под камионот.

Возачот на камионот бил уапсен.

Слични содржини