На францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ има 50 заразени со Ковид-19

од Aleksandar Petrovski

На францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ има регистрирано 50 случаи на заразени со новиот коронавирус, соопштија властите.

Тројца морнари се евакуирани „како превентивна мерка“. Направени биле 66 тестови врз морнари од бродот.

Ниту еден од 50-те членови на екипажот што се позитивни на Ковид-19 досега не е во „критична состојба“, се вели во соопштение.

Потеклото на заразата на бродот се уште не е утврдено.

Слични содржини