На француските лекари после протестите им се зголемени платите

од Aleksandar Petrovski

Француската влада одобри вкупно зголемување на платите од осум милијарди евра за здравствените работници, откако властите ја истакнаа нивната улога во борбата против коронавирусот.

Договорот, кој беше потпишан со синдикатите по неколкунеделни преговори, предвидува зголемување на платата од 183 евра месечно, јавува Би-Би-Си.

Здравствените работници одржаа неколку протести, барајќи повисоки плати и поголема инвестиција во болници.

Досега, повеќе од 200.000 потврдени случаи на коронавирус и повеќе од 30.000 смртни случаи се регистрирани во Франција, што ја прави една од најзагрозените европски земји.

Слични содржини