На ГП „Богородица“ уапсени лица – носеле фалсификувани исправи

од Radmila Tasevska

Вчера во 07:00 часот на Граничен премин „Богородица“ полициски службеници ги привеле Ф.Р.А.(26) од Р. Куба, кој при пасошка контрола приложил шпанска дозвола за престој и М.И.Р.Т.(71) од Р. Куба, која приложила шпанска патна исправа и лична карта на име Р.Т.А.(71) од Шпанија, а по извршената дополнителна контрола е констатирано дека приложените документи се фалсификувани.

Лицата се предадени во Полициска станица Гевгелија, а за случајот е известен Јавен обвинител.

Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по чл. 378 од Кривичниот законик, тие се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија и изречени им се соодветни санкции.

Слични содржини