На хартија, Tesla сака да се дистанцира од Кина, но реалноста е малку поинаква

од Vladimir Zorba

Компанијата Tesla направи многу вреден договор, со цел да обезбеди безбедно количество никел од Индонезија. Овој материјал е потребен за создавање на катоди присутни во литиум-јонските батерии што производителот на електрични автомобили ги користи за напојување на своите возила.

Оваа информација ја соопшти Министерството за поморски и инвестициски работи на Индонезија за време на интервју за информативната мрежа CNBC: „Tesla почна да купува два одлични производи од Индонезија“.

Најверојатно, мислат на бизнисот на компаниите за преработка на никел од Моровали и островите Сулавеси.

Исто така, ова не е прв пат Tesla да се обиде да ги обезбеди потребните количини никел за своите автомобили и батериите во нив. Претходно оваа компанија склучи договор со бразилските рудари за никел, компанијата Vale. Сепак, дали договорот со Индонезија навистина е договор со Индонезија или ситуацијата е малку покомплицирана?

Она што се чини дека е договор меѓу Tesla и индонезиските компании, всушност може да биде договор со кинески компании. Локалните медиуми од Индонезија даваат изјави кои објаснуваат како кинеските компании Zhejiang Huayou Cobalt и CNGR Advanced Material всушност стојат зад овој договор и тие се главните добавувачи и доставувачи на никел, кобалт и манган. Двете од овие компании имаат капацитети во Моровали и двете неодамна објавија склучување деловни договори со компанијата Tesla во врска со материјалите неопходни за производство на катоди.

Така, се чини Tesla во моментов не успева да се ослободи од Кина и нејзините компании кога ги набавуваат суровините потребни за производство на основните компоненти во своите електрични возила.

Меѓудржавните политички односи, се чини, немаат врска со бизнис.

Слични содржини