На Хумелс му останаа Мајорка и Брајтон, наскоро носи одлука

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Матс Хумелс не само што не е за пензија, туку реши да и покаже на Борусија Дортмунд дека може да игра во подобра лига од Бундеслигата.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Хумелс вчера бил во Мајорка со својот татко, разговарал со управата на клубот, тренерот, но не донел конечна одлука. Фудбалер со над 700 официјални натпревари во нозете до крајот на неделата ќе одлучи дали ќе ја избере Примера или Премиер лигата. Одби понуди од Серија А (Болоња, Рома, Наполи).

Новиот тренер на Брајтон, Фабијан Хирцелар одамна го покани Хумелс да дојде во неговиот клуб и таа понуда останува до крајот на неделата. Ќе мора внимателно да мери што е подобро за него, бидејќи сите 17 години од кариерата ги помина во Бундеслигата играјќи само за два клуба – Баерн и Борусија Дортмунд.

Слични содржини