На Иран му се заканува втор бран заразени од коронавирус

од Aleksandar Petrovski

Иран наскоро може да се соочи со нов бран заразени од коронавирус, изјави денеска портпаролот на иранската Влада Али Рабиеи, истакнувајќи дека некои граѓани ги игнорирале упатствата издадени од здравствените власти во земјата за да спречат ширење на вирусот.

– За жал, некои Иранци ги игнорираа советите на министерот за здравство и патуваа за време на одморот за иранската Нова година. Тоа може да предизвика втор бран на заразени од Ковид – 19, рече Рабиеи.

Тој додаде дека сега ќе ги забранат сите меѓуградски патувања, а прекршителите ќе бидат законски казнети.

Слични содржини