На Истанбул му се заканува катастрофа при посилен земјотрес, можно е да се срушат 600.000 згради

од Milan1
52 прегледи

Во најголемиот турски град Истанбул, според картата на ризик, 600.000 згради се во категоријата „екстремно ризични“ доколку се случи посилен земјотрес, пишува Сабах.

Објавена е структурна карта на Истанбул, според која има приближно 1,5 милиони згради изградени на лош терен во кои живеат повеќе од пет милиони луѓе.

Со цел што поскоро да се обнови дотраениот градежен фонд во Истанбул, Министерството за животна средина, урбанизација и климатски промени започна кампања со која ќе им им обезбеди на граѓаните кои сакаат да ги трансформираат своите домови, пари за реновирање и поддршка за преселба.

Овие истражувања доаѓаат после разорниот земјотрес пред неколку дена од 6,2 степени, при што околу 200 лица беа повредени.

Слични содржини