На Јокиќ му пречи грубата игра во НБА: „Сите јадеме ист леб“

од Nikola Popovski

Никола Јокиќ, првата ѕвезда на Денвер Нагитс, апелирал до сите кошаркари во НБА да размислуваат повеќе во дуел-играта, поради се поголемиот број повреди.

„Има повреди насекаде во лигата. Не знам што се случува. Мислам дека треба, пред сè, да се заштитуваме на терен, затоа што сите јадеме ист леб. Можеме да играме тврдо и да се натпреваруваме, но мислам дека можеме да играме и некако побезбедно“, апелирал Јокиќ.

Денвер е особено тешко погоден поради повредите, а Џамал Мареј, вториот најважен играч на тимот, прв остана надвор од тимот и ќе отсуствува подолго време.

„Не недостасува само Џамал, недостасуваат Морис и Вил, главните организатори на играта. Факу прави одлична работа, тој денес беше одличен, како и сите од клупата. Додавањата минаа без проблеми, секогаш кога и да играме на тој начин, мислам дека ќе ни биде многу полесно“, изјавил Јокиќ.

Слични содржини