На Јована и Жељко Јоксимовиќ им стигнаа резултатите од тестот на корона

од Aleksandar Petrovski

Водителката Јована Јоксимовиќ и нејзиниот сопруг, музичарот Жељко Јоксимовиќ, биле тестирани за вирусот корона, а сега ги открија резултатите од тестот.

Јоксимовиќ беа на прославата на Ражнатовиќ по повод раѓањето на малиот Жељко, а кога фолк ѕвездата Цеца и нејзиниот син Вељко дознаа дека се заразиле со коронавирус, Јована и Жељко направиле тест за ПЦР.

– Резултатите пристигнаа и јас и Жељко сме негативни – открива Јована за Телеграф.

На прославата се заразиле Цеца и Вељко, на кое присуствувало заразено лице, кое им го пренесло КОВИД-19, како и на дел од гостите. Меѓу гостите беа и Јована и Жељко, кои по тестирањето утврдија дека немаат коронавирус.

Слични содржини