На 24.07.2021 во 21.00 часот на Кеј „Македонија“ во Охрид, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид го привеле А.В.(31) од Скопје за издржување казна затвор од шест месеци за сторено кривично дело по член 144 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за спровод во казнено-поправната установа Затвор Скопје.

Слични содржини