На комеморацијата на Флојд градоначалникот клекна и се расплака

од Stefanija Kuzmanovska

Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, клекна и се расплака покрај ковчегот на Џорџ Флојд на почетокот на комеморацијата на Афроамериканецот, кој почина откако полициски службеник му клечеше на вратот скоро девет минути за време на апсењето, објави Си-ен-ен.

Членови на семејството на Флојд пристигнаа на комеморацијата, а група луѓе се собраа пред универзитетот Nort Central за да му оддадат почит.

Телото на Џорџ Флојд лежи во ковчег со златна боја опкружен со цвеќиња, пренесува „Гардијан“.

Слични содржини