На крајот на 2022 регистрирани 9.699 слободни работни места

од Nikola Popovski

Во четвртото тримесечје од 2022 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,94 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од вкупно 9 699 слободни места, најголем дел односно 3 278, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба. Непополнети се и 1 554 работни места од занимањата Ракувачи и составувачи на машини и постројки, 1 484 од Техничари и други сродни занимања, 942 од Службеници, 831 од Стручњаци и научници, 799 од Елементарни занимања, 579 од Занимања за неиндустриски начин на работа во производството,…

Највисока стапка на слободни работни места од 3,78 проценти има секторот – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а најмала со 0,23 проценти во секторот – Други услужни дејности.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,54 проценти.

Пелагонискиот регион со 2,74 проценти има највисока стапка на слободни работни места.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во државава пополнети се 489 486 работни места.

Слични содржини