На маките на Азар им нема крај: Не сум подготвен да го започнам ЕП

од Stefanija Kuzmanovska

Белгија има за цел европско злато, сите нејзини главни играчи се во најдобрите години, зрели, мотивирани. Но, не секој е здрав и подготвен …

Кевин де Бруин ќе го прескокне првиот натпревар со Русија во сабота поради операција на лицето, а многу е веројатно дека и Еден Азар нема да може да биде на теренот.

Напаѓачот на Реал Мадрид им призна на белгиските новинари дека не се чувствува доволно подготвен за премиерниот натпревар.

„На последната проверка против Хрватска, можев да играм десет минути. На тренинг сум само една недела. Ќе видам со медицинскиот тим какви се мислите за првиот натпревар. Ако започнам, тоа ќе биде одлука на тренерот, но не сум подготвен 100 проценти“, рече Азар.

И покрај сите проблеми, белгиската јавност очекува националниот тим да се избори за титулата. Азар е свесен за тоа.

„Секогаш кога играме за националниот тим, чувствуваме притисок. Поради сè што направивме во претходниот период, луѓето очекуваат да бидеме уште подобри. Знаеме дека постигнавме голем успех на Светското првенство пред три години. Ќе се обидеме да бидеме подобри, имаме потенцијал за тоа“.

Во интервју, Азар на шега рече дека доколку Белгија ја освои европската титула, тој ќе се повлече од националниот тим. И тој не го демантираше тоа во новиот разговор со новинарите.

„Не знам, ќе видиме што ќе се случи“, остана воздржан Азар.

Слични содржини