На масната кожа и треба хидратација колку и на сувата

од Elena Daskalova

Штетните УВ-зрачења се погубни за квалитетот и на масната и на сувата, па дури и на кожата која не ви прави никаков проблем.

Масната кожа бара посветеност и нега, а ако ја имате, знаете колку некогаш тоа може да биде комплицирано, особено додека да го најдете соодветниот производ.

Масната кожа бара редовно чистење на лицето и најмалку еднаш неделно пилинг. Исто така, шминката мора да ја отстранувате темелно, но и ограничено да го изложувате лицето на сонце.

Наутро и навечер е задолжително користењето тоник, за да може да се отстранат сите насобрани нечистотии и маснотии. Што се однесува на хидратацијата, користете креми на база на вода, кои содржат и глицерин.

Овој начин на нега применувајте го преку целата година, бидејќи е соодветен за вашиот тип кожа.

Слични содржини