На Мицкоски му пречат новата песна на Дац и Митевски и играњето во „Борис Трајковски“: Тоа е дно и срам

од Nikola Popovski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го осуди новиот хит на дуото, Драган Спасов Дац и Александар Митевски наречен „Вакцина“.

„Не можев да поверувам на песната што ја слушнав вчера и на тие што ја компонирале. Не можам да им се изначудам на паметот. Дно“, рече Мицкоски денес од општина Петровец, каде што присуствуваше на пуштање во употреба на улица.

Тој исто изрази и загриженост и за расположението во арената „Борис Трајковски“, каде што се извршува масовната вакцинација.

„Тоа трагично и примитивно оро што го играа здравствените работници, кои се задолжени за имунизацијата, е срам. Се срамам што сум дел од ова политичко мочуриште. Ова вртење и играње во арената е под налог на нивниот наредбодавач“, смета Мицкоски.

Спасов и Митевски ја обликуваа новата химна во химна за масовна вакцинација со позитивна енергија.

Веќе неколку дена на социјалните мрежи се врти позитивно видео на кое се гледаат здравствените работници на чело со Денис Јанкуловски-Космонаутко, како играат и пеат во пунктот за вакцинација во „А1 Арената Борис Трајковски“.

Слични содржини