На некои места во вториот круг од изборите ќе настапиме заедно со ДУИ, изјави Заев

од Nikola Popovski

„Ние сме централистичка коалиција. Има видливи промени во ДУИ, дел поради заедништвото со СДСМ“, изјави денес премиерот Зоран Заев, како одговор на прашањето за заедничкиот настап на претстојните локални избори.

Тој истакна дека заедно ќе учествуваат на изборите уште во првиот круг, каде што е возможно.

„Некаде ќе настапиме заедно и во вториот круг. Коалициите ќе се прават по самото завршување. Тука се и Беса, ДПА и помалите партии, кои се наши коалициски партии“, рече Заев.

Слични содржини