На овие хороскопски знаци не им е судено да бидат во врска

од Stefanija Kuzmanovska

Некои хороскопски знаци колку и да се сакаат, не можат да имаат добра врска. Овие шест комбинации наоѓаат голем број препреки, па, доколку сакаат да опстанат, треба добро да ги запознаат мааните на другиот и некомпактибилноста која треба да ја надминат.

ЛАВ И РАК

Врската на овој динамичен пар никогаш не завршува добро. Додека ракот се радува на длабоката, спиритуална и отворена врска, несигурноста на лавот носи немир во љубовната идила.

Лавовите се склони кон екстремни промени во љубовта, од тоа дека еден момент се кралеви на светот, самоуверени и подготвени да го опсипат партнерот со љубов и внимание, до тоа да се саркастични и цинични и ја критикуваат секоја ситница на партнерот.

Чувствителниот рак ова однесување ќе си го земе при срце и ќе го вклучи својот одбрамбен механизам кој се состои од замерување и лутина, што на крајот во потполност ќе ја отруе нивната врска.

ЈАРЕЦ И ВОДОЛИЈА

Двата знаци се многу твврдоглави и упорни и тоа е една од главните причини зошто меѓусебно се привлекуваат, но истовремено, тоа е и главната пречка во нивната врска.

Додека јарците функционираат врз тоа како се чувствуваат, водолиите се практични. И покрај тоа, со текот на времето излегува дека водолиите се шефови во врската, оставајќи го јарецот да се бори за својата позиција. Ваквиот однос, ја носи врската до експлозија кај двата знаци и често завршува со расправија и многу бурно раскинување.

ДЕВИЦА И БЛИЗНАЦИ

Во животот можете да се водите по практичност и реалност или сонови и чувства, а тие два начини на живот не можат да најдат допирна точка, исто како врската да девицата и близнакот. Поради тоа, нивната врска не може да опстане.

Во критични ситуации, кога треба да се бори за врската или да се откаже, девицата мирно и сталожени ќе ја отвори вратата и ќе ја остави врската зад себе, оставајќи го близнакот со скршено срце.

До таквите ситуации најчесто се доаѓа поради навиките на близнакот да живее во сонови, додека девицата го презема целиот товар на својот грб.

Слични содржини