На овие хороскопски знаци не им е судено да бидат заедно

од Stefanija Kuzmanovska

ОВЕН И РАК

Спротивностите понекогаш се привлекуваат, но во овој случај, шансите се еднакви на нула. Додека Овните сакаат шетање, Раковите ја сакаат удобноста и лежењето. Овните се премногу натпреварувачки настроени и тврдоглави за да се носат со чувствителниот Рак.

ЈАРЕЦ И ВОДОЛИЈА

Двата знаци се многу тврдоглави и упорни и тоа е една од главните причини зошто меѓусебно се привлекуваат, но истовремено, тоа е и главната пречка во нивната врска.

Додека Јарците функционираат според тоа како се чувствуваат, Водолиите се практични. И покрај тоа, со текот на времето излегува дека Водолиите се шефови во врската, оставајќи го Јарецот да се бори за својата позиција. Ваквиот однос, ја носи врската до експлозија кај двата знаци и често завршува со расправија и многу бурно раскинување.

БЛИЗНАЦИ И ДЕВИЦА

Близнаците се многу друштвени, додека Девиците се резервирани и нефлексибилни интроверти на кои нивната рутина им е поважна од социјалниот живот. Кога еден партнер живее по принципите на спонтаноста и возбудливоста, а на другиот му се најважни предвидливоста и почитување на распоредот, во еден момент мора да дојде до експлозија во односот, а Девиците се ужаснуваат од несредени односи.

ЛАВ И СКОРПИЈА

За разлика од останатите парови, Лавот и Скорпијата имаат многу заеднички работи. И едниот и другиот многу сакаат секс, живеат за драма, но овие два ефикасни знаци ретко завршуваат во врска. Лавот живее за светлоста на рефлекторот, а Скорпијата се држи настрана и го смета Лавот за површен и себичен, додека на Лавот му смета мистериозноста на Скорпијата.

Слични содржини