На овие хороскопски знаци поранешната љубов ќе им се врати во животот неделава

од Stefanija Kuzmanovska

Меркур и Венера неделава се за последен пат во Бик. Астролозите најавуваат дека за луѓето родени во во овие 3 знаци на Зодијакот, овој аспект ќе донесе промена во емоционалното поле – некој од минатото ќе тропне на нивната врата.

БИК
Овој месец, вие не само што ќе се чувствувате силно, туку и привлечно. Иако звучи одлично, овој вид на привлечност е како магнет врз кој немате контрола, што значи дека ќе привлекувате сè – и доброто и лошото и несаканото.

Затоа, држете ги очите ширум отворени, бидејќи некое лице од минатото може да се појави на крајот на неделата. Случајната средба можеби не значи ништо за вас, но големи се шансите некој да сака да се врати во вашиот живот. Веројатно нема да бидете воодушевени од идејата, особено ако станува збор за некој што некогаш ве повредил емотивно.

Не гледајте назад, силно се боревте да стигнете таму каде што сте; не ви треба никој од минатото да ве повлече во истото. Не грижете се – Меркур е на ваша страна, лесно вербално ќе се заштитите од понуда која не ви одговара.

БЛИЗНАЦИ
Во текот на овој месец, Венера ќе ги вмеша прстите кога станува збор за вашиот љубовен живот, и може да биде многу упорна. Тогаш, кога мислите дека конечно сте преболеле личност која порано ви била сè на светот, таа се враќа во вашиот живот и сака да „разговара“.

Иако овој гест донекаде ќе го нахрани вашето его, на крајот сепак ќе одлучите да не ѝ дадете нова шанса на вашата стара љубов.

Сепак, во длабочините на вашата душа, сепак ќе го „развиете филмот“ во стилот „што би било кога би било“, но на крајот, разумот сепак ќе ги надмине емоциите.

ДЕВИЦА
До крајот на неделата, лице од минатото повторно ќе влезе во вашиот живот, но најверојатно на некој неконвенционален начин – можеби преку социјалните мрежи. Ова ќе ве изненади, но и донекаде ве вознемири, бидејќи сте навикнати да бидете во вашата удобна зона од каде што немате намера да се излезете туку така.

Сепак, бидете подготвени за помал емотивен земјотрес, бидејќи планетите „играат“ вака оваа недела. Одеднаш ќе уживате во нешто што претходно не сте го направиле.

Одлуката дали ќе дадете втора шанса зависи од вас; другата страна ќе покаже дека е подготвена целосно да се врати во вашата прегратка и да покаже колку прекрасна и моќна може да биде љубовта.

Слични содржини