На подрачјето на Битола 22 лица возеле пребрзо

од Milan1

Вчера на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

Притоа, биле преземени 22 мерки, од кои за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место преземени се 11 мерки, а за пречекорување на максималната дозволена брзина надвор од населено место превземени се 11 мерки. Откриени се и 22 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Слични содржини