На полагање за полигон гужва, не се почитува ниту една препорака (ФОТО)

од Берта Китинска

Фотографиите се направени утрово на полигонот АСУЦ при полагање на втор практичен дел (полигон).

Кога државата е пред прогласување на вонредна/кризна состојба. Фотографиите се од сабајлево на полигонот АСУЦ при полагање на втор практичен дел (полигон), притоа ниту еден не носи барем заштитна маска, воопшто не сакам да потсетувам дека полагањето на прв практичен дел (тестови) е полош бидејки секојдневно има полагање на повеќе групи од по 30-35 луѓе во една просторија затворени околу 60 минути.Што доколку само еден од нив е носител на вирусот, колку семејства денес стануваат потенцијални носители, да не збориме уште со колку луѓе ќе стапат во контакт наредните 14 дена. Родители каде ви е свеста, бадијала што вие не одите на работа, бадијала што децата не ви одат во школо.Испитниот центар искочи со соопштение на нивната официјална страна дека НЕМА да престанат со работа се додека не добиеле некое известување од МВР кое ќе се однесува директно на нив!, стои во Фејсбук статусот објавен на Ѕид на сообраќајниот срам.

Слични содржини