На повидок е помирување: Џеј Ло е видена со поранешниот вереник во ресторан

од Nikola Popovski

Пејачката и актерка Џнифер Лопез и поранешната бејзбол sвезда на Њујорк Јенкис, Алекс Родригез ја откажаа свршувачката затоа што, како што велат, „функционираале подобро како пријатели“. Тие така го потврдија раскинувањето, иако до неодамна тврдеа дека нивната четиригодишна врска не е во криза. Сепак, тие неодамна беа видени заедно во еден ресторан, каде што се сретнале и се за заљубиле за првпат.

Само десет дена по објавувањето на раскинувањето, актерката и спортистот вечерале на романтично место. Според извори на странски медиуми, тие се однесувале како да се уште заедно, но не се бакнувале во јавност.

Џенифер и Алекс неодамна изјавија дека таа и нејзиниот поранешен партнер функционираат подобро како пријатели и дека по раскинувањето останале во добри односи.

„Сфативме дека подобро функционираме како пријатели и со нетрпение очекуваме да останеме така“, рекоа Лопез и Родригез во заедничката изјава.

„Ние ќе продолжиме да работиме заедно и ќе се поддржуваме едни со други и нашите заеднички работи и проекти“, додале тие.

Еден од најпознатите славни парови во САД, наречен „Џеј-РодЕ во медиумите, вети дека ќе молчи за нивното раскинување поради почит кон неговите деца од претходните врски.

„Си посакавме се најдобро, како и на нашите деца. Од почит кон нив, единствениот коментар што го имаме е благодарност до секој што испрати љубезни зборови на поддршка“, истакнале Лопез и Родригез.

Во март, тие ги негираа извештаите во медиумите дека се разделуваат, велејќи дека „работат на некои работи“.

Слични содржини