На познатата холивудска актерка и се допадна „Медена земја“: Воодушевена сум

По номинациите за Оскар, на кои македонскиот филм за Атиџе и нејзиниот необичен начин на одгледување диви пчели беше номимниран за два Оскари, се чини дека сите зборуваат за филмот.

Така, филмот го гледала и познатата холивудска актерка Џејми Ли Кертис. Таа на својот Твитер и Инстаграм профил сподели слика од Медена земја и напиша:

„Колку совршен момент за овој филм. ‘Медена земја’ е зачудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чести. Природа. Истрајност. Воодушевена сум“

Слични содржини