На претседателските избори во САД потрошени 14 милијарди долари

од Stefanija Kuzmanovska

Учесниците на изборите во САД потрошиле скоро 14 милијарди долари на своите кампањи оваа година, а во таа сума се вклучени трошоците за претседателските кандидати, но и стотици потенцијални членови на Конгресот.

Поради пандемијата, кампањата беше различна од вообичаеното, но политичкиот ангажман остана на високо ниво и беа донирани повеќе пари од кога било.

Само претседателските кандидати потрошиле околу 6,6 милијарди долари, што е повеќе отколку во двата претходни изборни циклуса заедно.

Најголемиот дел од парите беа потрошени на медиумско покривање, телевизиски реклами, дигитален маркетинг, плати на вработените во кампањите.

Бајден на стотици соработници им исплати повеќе од 50 милиони долари, додека Трамп на своите луѓе 20 милиони долари.

Од друга страна, Трамп, на пример, издвои повеќе од осум милиони долари за плановите на неговата кампања.

Кога станува збор за борбата за места во Претставничкиот дом и Сенатот, стотици кандидати потрошија вкупно рекордни седум милијарди долари на нивните кампањи.

Најголемиот дел од потрошените пари беа собрани преку донации, а околу 20 проценти од сите донации беа дадени од обични граѓани со доделување на 200 долари или помалку, а остатокот беше собран од богати донатори и разни други активности.

Слични содржини