На протестите без маски, фантомки, марами, камења!

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Секој што носи маски, фантомки, марами, камења на протестите што се одржуваат секое попладне во 18 часот е против протестите, стои во прогласот кој се споделува денеска на Фејсбук и Твитер.

10933701_10206996203687208_4795604466336575456_n1-540x340

Ова доаѓа по проблемите кои на протестите против полициската бруталност ги направи група првокатори.

Тие завчера ја гаѓаа полицијата, на негодување на најголемиот дел од демонстрантите. Токму таа вечер група од девојчиња организираа и жив штит за одбрана на полицијата од провокаторите, а вчера, пак, ги избркаа.

 

11254690_917960394914616_7648558967829179242_n1-540x405

Дел од насилниците сакаа да се пресметуваат и со фото-репортерите.  Во тој момент изреагираа демонстрантите кои почнаа да им викаат уа, и да прашуваат кој ги праќа, како и да ги фотографираат, по што момчињата си отидоа.

Фото – Фејсбук

Слични содржини