На протестите во Франција приведени 457 лица, повредени 441 полицаец

од Stefanija Kuzmanovska

Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен денеска изјави дека 457 лица се приведени, а 441 полицаец се повредени во инцидентите за време на протестите ширум земјата против реформата на пензискиот систем.

Имаше „многу демонстрации во Франција во четвртокот, а некои од нив станаа насилни, особено во Париз, доцна синоќа“, изјави Дарманен за ТВ каналот CNews.

Слични содржини