На протестот на Жолтите елеци во Париз уапсени 59 луѓе

од Aleksandar Petrovski

Француската полиција уапси 59 лица за време на вчерашните судири со припадниците на движењето Жолти елеци, кои протестираат против Владата на претседателот Емануел Макрон.

Полицијата употрени солзавец и шок бомби, додека илјадниците демонстранти фрлаа камења и разни предмети врз полицајците.

Демонстрантите извикуваа пароли проти Макрон поради реформите на пензискиот систем.

Видео-снимката емитувана од француските медиуми на која се гледа апсење на момче чие лице е прекриено со крв предизвика бес кај демонстрантите, кои извикуваа „Макрон, доаѓаме по тебе во твојата куќа“ и „Улицата е наша“.

Во петокот вечерта Макрон и неговата сопруга Брижит беа евакуирани од едне париски театар, откако демонстрантите упаднаа и ја прекинаа претставата.

Слични содржини