На раб на рецесија: Пад на британскиот БДП

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот БДП падна за 0,2 отсто во третиот квартал, покажуваат првите официјални податоци, што го означува првиот чекор кон рецесија, пишува Sky News.

Британската канцеларија за национална статистика (ONS) објави пад на производството за септември, оставајќи го бруто домашниот производ (БДП) на негативна територија за периодот од јули до септември како целина.

По дефиниција, рецесија настанува кога има два последователни квартала со негативен раст. Тоа би било постигнато во Британија доколку економијата падне во тековниот, четврти квартал до крајот на годината. Но, кварталната контракција на економијата не беше толку лоша како што се очекуваше.

Економистите анкетирани од „Ројтерс“ очекуваа пад од 0,5 отсто по нагорно ревидираниот раст од 0,2 отсто во вториот квартал од оваа година.

Минатата недела, Банката на Англија ја оцени оваа прогноза толку страшно што објави дека Велика Британија веќе е во рецесија.

Слични содржини