На радар фатен возач кој возел со 219 километар на час

од Берта Китинска

Во текот на вчерашниот ден (22.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 256 возачи. Од нив, 17 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 135 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.Според објавената фотографија од стрна на МВР, на радар е забележан возач кој возел со  219 километар на час.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Институтот за јавно здравје вчера се регистрирани 491 случај на коронавирусот. Оздравени се 416, а починати се 16 лица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.261.880 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на пандемијата изнесува 188.113 бројката на оздравени пациенти е 169.116, на починати е 6.511, а бројот на активни случаи изнесува 12.486.

Слични содржини