На „Рекет“ се покажуваат снимки обезбедени од ПИ мерки

од Vladimir Zorba

Со изведување на докази обезбедени со ПИ мерки, со тајно следење на Бојан Јовановски и Зоран Милевски надвор од домот со посебни технички средства, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за случајот „Рекет“.

Од прикажаните видеа се гледа дека биле следени возило порше со бугарски ознаки и џип со македонски ознаки.

Се прикажуваат и снимки од барот Интермецо, ресторан Воденица, во кругот на фабриката Охис и други локации во Скопје во јуни 2019, кога биле наредбите за ПИ мерки.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини