На ручек или кафе со сертификат

од Берта Китинска

Грaѓаните кои од денеска ќе бидат затекнати во објект или на настан без сертификат за примена вакцина против ковид-19 ќе платат казна од 250 евра, а казната за угостителскиот објект се движи од 2.500 евра до 30 илјади евра, во зависност од големината на објектот, плус 1.500 евра за одговорното лице, рече дирекоторката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Анета Симеска-Димоска.

Со дополнувањето на рестриктивните мерки, во угостителските објкети ќе може да влезат и прележани од Ковид -19.

-Овие лица доволно е да поседуваат медицинска потврда дека биле заболени од Ковид -19, но само првите 45 дена, сметајќи од денот кога оздравеле. По завршувањето на овие 45 дена, од прележувањето, и за овие граѓани ќе важи дека за влез во објекти треба да приложат серитификат за вакцинација, односно потврда за примена барем прва доза вакцина, изјави Венко Филипче.

Новите рестриктивни мерки, порача, се во насока на заштита на јавното здравје. Такви мерки се воведени во сите развиени земји во Европа и во светот. Во принцип за сите важи потребата од приложување сертификат за вакцинација, единствено што е воведено како забрана за огранизирање свадби и веселби во затворен простор, од причина што на такви прослави тешко се спроведуват и запазуваат протоколите за заштита.

Според Филипче, предвиденото воведување редарски служби од страна на угостителите, е во насока на заштита на самите угостители. При воведувањето на мерките, тврди тој, е разговарано со сите субјекти и е отворена опцијата за дополнителни консултации за какви било потешкотии или предизвици што би се јавиле при спроведувањерто на новите протоколи и мерки.

Рестриктивните мерки ги воведуваме со цел да го сочуваме здравјето на граѓаните и да не се вратиме во ситуација на тотален локдаун како претходната година, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

На гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“, Бектеши најави дека на денешниот состанок на Главниот кризен штаб, ќе биде разгледана и можноста за влез со ПЦР тест, но не постар од 14 дена.

– Имаме Кризен штаб каде ќе разговараме за дополнителни мерки доколку се потребни. Согласно бројките што ги имаме последните денови, се разгледуваат повеќе опции како што се воведување на потврда за вакцинација и потврда за антитела, а дополнително ќе се разгледа и можноста да се достави и ПЦР тест, но не постар од 14 дена, а секако да ги прошириме и дејностите вклучувајќи ги тука и шопинг моловите, рече Бектеши.

Ако се почитуваат протоколите и мерките, Бектеши е убеден дека нема да има потреба од затворање на цели дејности.

Не се согласува со констатацијата на угостителите дека гостите се виновни затоа што има протоколи, кои, како што вели, треба да ги почитуваат сите.

Најави дека од утре ќе има засилени контроли на Државниот пазарен инспекторат со цел што повеќе да се почитуваат рестриктивните мерки, а за непочитување, рече дека ќе се постапува согласно законот.

 

Слични содржини