Корупција, олигархиските структури, кршење на слободата на говорот – сето тоа го има во Украина. Трпението на САД кон Киев веќе се исцрпува, пишува DW пред почетокот на посетата на Бајден во земјата.

0,,18079100_303,00

Повеќе од една година му требаше на украинскиот претседател Петро Порошенко, додека се сети за најважното предизборно ветување. Од 1-ви декември новото антикорупциско обвинителство има нов шеф и може да започне со работа.

Предоцна, сметаат САД. Трпението на Вашингтон кон владата во Киев постепено се исцрпува. Дотолку повеќе што токму главниот обвинител Виктор Шокин, кој е близок на Порошенко, влечеше да нема именување на новиот антикорупциски шеф. Значи уште во септември, американскиот амбасадор во Киев Џефри Пајат презеде невообичаен чекор: преку Твитер побара именување на Шокин, макар и на скриен димпломатски начин.

Шок во Франција: НП на Марин Ле Пен ги претрка левичарите и десничарите на локалните избори

Главниот обвинител треба си отиде

Но украинскиот претседател продолжува да се одржи на својот доверлив човек. Човек кого многумина го обвинуваат дека раководи една служба, задоена од корупција. И дека токму таа ејазабавила толку најважната истрага на револуцијата од Мајдан, за време на востанието пред две години во кое загинаа 100 лица.

“Целото обвинителство треба итно да се реформира”, инсистираше висок американски функционер во пресрет на посетата на Бајден. И фактот дека Џо Бајден се среќава прво со претставници на проевропското граѓанско општество и дури потоа со украинскиот претседател, јасно говори колку паднал имиџот на украинското раководство. Американскиот претставник уверува дека Џо Бајден ќе изврши притисок за “спроведување на гласањето на антикорупциските реформи”. Џо Бајден ќе инсистира пред сè за оставката на јавниот обвинител Шокин како прв политички сигнал до западните кредитори.
Пред некое време еден јапонски дипломат неофицијално повика за отповикувањето на сите украински судии, бидејќи е општо познато дека тие често пати ги штитат олигарсите. Од Токио нудат по отпуштањата да биде иницирана кампања за регрутирање на чесни судии. Како влезе во сообраќајната полиција, на која Јапонија донираше 1 300 нови полициски автомобили, од летото наваму модерните хибридни автомобили патролираат со сини светилки на улиците на Киев, но во последно време стана јасно дека тие се прилично параван, зад кој се кријат долгогодишни сомнителни структури.

0,,18897882_404,00

Дел од нив е дури и самиот владин апарат. Удира на очи пример, дека еден од поданици на премиерот Јаценјук, Микола Мартиненко, продолжува да ја води комисијата за енергетика. А швајцарските власти водат истрага против него под сомневање дека добил мито за милиони, кои е депонираат во швајцарска банка.

Конфликтот со Русија како изговор

Самиот Мартиненко воопшто не се трогнува од обвинувањата. Според него сето тоа е заговор, зад кој стои Русија. Минатиот понеделник тој изјави дека се откажува од пратеничкиот имунитет, но парламентот и до денес не гласал за соодветната постапка. Впрочем, мнозина во Киев го користат конфликтот со Русија, за да ја оправдаат сопствената неактивност. Очигледно војната во источна Украина дури го стабилизира стариот систем на олигархијата, непотизмот и корупцијата, наместо да ја демократизира Украина и да ја приближи во општествен и политичко однос кон ЕУ.

0,,18504556_404,00
Руслан Коцаба, еден блогер кој ги критикува властите, лежи во притвор веќе девет месеци. Што точно дело извршил поранешниот активист од украинскиот Хелсиншки комитет? Еве што: се прогласи против војната во источна Украина. Во едно видео Коцаба ги повика сонародниците да не се потчинуваат на поканите, бидејќи Владата во Киев и до денес не распишала воена состојба. “Подобро да лежам две години во затвор отколку да се вклучам во оваа граѓанска војна”, рече тој. Нешто повеќе, во својот видеоблог Коцаба ја стави под прашање вината на Москва за убиствата во Донбас и во Источна Украина. Три недели подоцна беше ставен во притвор под обвинение за предавство. Активисти во Киев тврдат дека во цивилизираниот свет изјави како овие на Коцаба се заштитени од законите кои гарантираат слобода на говорот. Блогерот очигледно бил наклеветен пред моќната тајна служба СБУ од анонимен информатор. Самата СБУ, впрочем, одржува апарат од 31 000 луѓе. Таа е третиот важен елемент од украинското судство и традиционално важи за бранител на олигархиски интереси. “Во Украина долга историја има не само корупцијата, но и појавата на бројни олигарси, дел од кои влегуваат во политичкиот систем на земјата”, вели висок функционер во Вашингтон. Јавно САД не сакаат да чекаат повеќе. Грејс периодот за Киев видливо завршува.

Слични содржини