На Саркози му се заканува ЗАТВОР: Обвинителството бара казна за поранешниот француски претседател

од Stefanija Kuzmanovska

Француското обвинителство на судењето за нелегално финансирање на претседателската кампања во 2012 година побара шест месеци затвор за поранешниот претседател на таа земја, Никола Саркози.

Покрај шест месеци затвор, Обвинителството побара условна казна од една година за Саркози, како и парична казна од 3.750 евра, пренесоа француските медиуми.

На Саркози, заедно со уште 13 обвинети, им се суди во аферата „Бигмалион“ под обвинение дека потрошиле десетици милиони евра во кампањата и дека ангажирале ПР компанија по која е именувана аферата, со цел да се покриjaт нелегалните трошоци.

Поранешниот француски претседател ги негираше тие обвинувања, додека обвинителството наведува дека нема докази дека тој организирал шема за трошење пари, но дека бил свесен за тоа.

На Саркози, кој беше претседател на Франција од 2007 до 2012 година, му се суди по ова обвинение од 20 мај.

Слични содржини