На секои 15 секунди, едно лице во светот умира од коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во светот денеска надмина 700.000, пренесе „Ројтерс“, а САД, Бразил, Индија и Мексико имаат најмногу смртни случаи од оваа болест.

Ковид-19 во просек убива речиси 5.900 луѓе на секои 24 часа

Во просек, скоро 5.900 луѓе умираат од Ковид-19 на секои 24 часа, според проценките на „Ројтерс“ врз основа на податоците од изминатите две недели, односно 247 луѓе умираат секој час, или еден човек на секои 15 секунди.

САД и Латинска Америка се новите епицентри на пандемијата

САД и Латинска Америка се новите епицентри на пандемијата на коронавирус. Коронавирусот првично пристигна побавно во Латинска Америка, каде живеат околу 640 милиони луѓе, отколку во поголем дел од светот. Сепак, борбата здравствените власти против ширењето на вирусот беше отежната заради сиромаштијата во регионот и густо населените градови.

Повеќе од 100 милиони луѓе низ Латинска Америка и Карибите живеат во сиромашни квартови, според Програмата на ОН за човечки населби. Многумина работат во сивата економија, имаат слаб пристап до мрежата за социјална заштита и продолжуваат да работат и покрај пандемијата.

САД се тешко погодени од пандемијата

САД, каде живеат 330 милиони луѓе, исто така беа погодени од пандемијата и покрај припаѓањето на најбогатите земји во светот.

Главниот советник на владата на САД за заразни болести, д-р. Ентони Фаучи во понеделникот рече дека земјите со голем број заразени лица треба да го преиспитаат наметнувањето карантински мерки и ја истакна потребата да се намали бројот на заразени лица на првичните бројки пред есенската сезона на грип.

Австралија, Јапонија, Хонг Конг, Боливија, Судан, Етиопија, Бугарија, Белгија, Узбекистан и Израел имаат рекордно зголемување на бројот на заразени лица.

 

Слични содржини