Почетна / Глобално / Свет / На секои седум минути од Ковид умира по едно лице во Иран

На секои седум минути од Ковид умира по едно лице во Иран

Во Иран на секои седум минути од Ковид умира по едно лице, објави денеска државната телевизија, додека Министерството за здравство регистрира 215 нови смртни случаи од болеста.

Вкупно 17.405 лица починаа од Ковид-19 во земјата, а бројот на потврдени случаи се зголеми за 2.598, на 312.035, објави Министерството.

Некои експерти се сомневаат во точноста на официјалните ирански податоци за бројот на случаи. Во извештајот на истражувачкиот центар на иранскиот парламент од април се вели дека бројот на починати би можел да биде речиси двојно поголем од оној што го објавува Министерството за здравство.

loading...