На Селена и било дијагностицирано биполарно заболување

од Vladimir Zorba

Пејачката и актерка Селена Гомез изјави дека неодамна посетила психијатриска болница, каде и било дијагностицирано биполарно заболување.

За Селена се шпекулираше дека се бори со вознемиреност и депресија до сега, а во 2016 година престана да настапува за да ги реши паничните напади.

Таа сега рече дека конечно ја дознала вистинската причина за депресијата и вознемиреноста со која се бори со години.

„До сега, не бев свесна за тоа што се случува со мене. Сега, кога конечно ги имам сите информации, тоа ми помага и знам што да правам. Кога бев помлада, многу се плашев од грмотевици, па мајка ми ми купи многу книги за тоа како се создаваат. Таа ми рече: „Колку повеќе знаеш за тоа, толку помалку ќе се плашиш“. И функционираше. Истото важи и за овој мој проблем“, изјави Селена за западните медиуми.

„Јас сум девојка од Тексас, а таму не се зборува за менталното здравје. Треба да изгледаш кул во тој поглед. Така кај децата и тинејџерите се насобира лутина“, објасни таа зошто претходно не обрнала внимание на оваа ментална болест.

Селена, исто така, страда од лупус, а во 2017 година, нејзината пријателка и колешка Франсиа Раиса и донираше бубрег.

Слични содржини