На Шри Ланка владее сериозен недостиг на гориво, затворени и училиштата

од Stefanija Kuzmanovska

Властите на Шри Ланка денеска ги затворија училиштата и побараа од владините претставници да не доаѓаат на работа, во очајнички обид да се подготват за големиот недостиг на гориво кој се очекува да трае поради најтешката економска криза во земјата во последните децении, објави АП.

Министерството за јавна администрација побара од државните службеници, освен оние кои работат на одржување на основните услуги, денеска да не доаѓаат на работа, „имајќи го предвид недостигот на гориво и состојбата во сообраќајот низ државата“.

Шри Ланка речиси остана без бензин и се соочува со голем недостиг на сите нафтени деривати.

Слични содржини