На синот на Жан Митрев му се суди за тероризам во Франкфурт

од Берта Китинска

Судскиот процес во кој обвинет за тероризам е германскиот државјанин Ф.М. со потекло од Македонија започна деновиве во Франкфурт, пишуваат германските медиуми.


Се работи за случајот од ноември 2019 година, кога германската полиција уапси три лица на возраст од 24, 22 и 21 година, објави „360 степени“.

Германските медиуми објавија дека организаторот на нападот што требало да се случи во Франкфурт, е Филан Митрев, кој потекнува од угледни родители, а неговиот татко е сопственик на приватна Клиника за кардиохирургија во Македонија.

На социјалните мрежи веднаш почнаа да се споделуваат фотографии од кои може да се заклучи дека таткото на Филан е д-р Жан Митрев. Филан е дете на Жан од првиот брак.

Во Германија пишуваат дека познатиот хирург подолго време се обидувал да му помогне на својот син да излезе на прав пат и му помагал финансиски, за да учи во неколку приватни училишта. На судењето било споменато дека тој месечно добивал по 1.000 евра од својот татко, бидејќи ги побарал за да изнајми трафика за работа, но на прашањето на што ги трошел парите Филан не дал одговор.

Слични содржини