На Словенците им се потребни ковид-сертификати и за работа од дома

од Nikola Popovski

Вработените кои работат од дома, исто така, мора да имаат ковид-сертификат во Словенија, објавија словенечките медиуми, повикувајќи се на Министерството за труд.

Словенија воведе сертификат за работа, одење во трговски центри, здравствени установи, јавен превоз, освен за учениците, за различни услужни дејности и јавни институции.

Тамошното министерство за труд сега појасни дека ниту оние што работат од дома не се ослободени од обврската да достават потврда за вакцинација, прележан коронвирус или негативен тест, објави телевизијата „Н1“, пренесува „Индекс“.

Доколку вработените што работат од дома немаат ковид-сертификат, тие мора да се тестираат со брз антиген тест за само-тестирање најмалку еднаш неделно, по што мора да го испратат до работодавачот во кој се наведува датумот на тестирање, резултатот од тестот и потпис. Трошоците за тестирањето се на товар на работодавачот.

Доколку работникот не го стори тоа, се смета дека ги прекршил обврските што произлегуваат од работниот однос, а работодавачот може да го казни согласно Законот за работни односи, објаснуваат од министерството.

Слични содржини