На социјалните мрежи кружат лажни вести за обновување на природата поради коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska

Додека владее страв ширум светот од заразата од коронавирус, луѓето се борат да објавуваат добри вести на социјалните мрежи за да ги развеселат. Така, во последните неколку дена имавме можност да видиме соопштенија во кои се вели дека лебедите и делфините се вратиле во венецијанските канали, а многумина се забавуваa со приказната за стадо слонови кои се напиле и заспале во кинеското село Јунан.

Проблемот е во тоа што многу откритија поврзани со обновување на природата, откако луѓето се во изолација не се вистинити, според „National Geographic“.

Споменатите лебеди редовно се појавуваат во каналите на Бурано, остров во венецијанскиот канал, па не е ни чудо што тие се снимени таму. Наводните делфини во Венеција биле всушност снимени на пристаништето во Сардинија што е оддалечено стотици километри од Венеција.

Никој не знае точно од каде потекнуваат фотографиите од пијаните слонови, но кинеските медиуми јавуваат дека иако е вистина дека слоновите неодамна поминале низ селото, нивното присуство таму не е невообичаено, дека тоа не се тие слонови од фотографиите и дека не се опијаниле и заспале на нива.

National Geographic ја објаснува појавата на вакви лажни вести со потребата луѓето да споделат нешто во време на криза што ќе донесе позитивни емоционални реакции, а веселите фотографии од животни помагаат да се справат со стресот.

Кавери Ганапатија Ахуја од Индија, која сподели фотографии од лебедите не знаејќи дека се работи за нормална појава на Бурано и чија објава стана вирална, вели дека нема намера да ги избрише.

„Јас споделив нешто што ме направи среќна во овие мрачни времиња. Барем да можам да ја едитирам објавата, но нема да ја избришам. Ова е личен пост за мене“, рече таа и додаде дека не се надева дека нејзиниот пост ќе биде споделен толку многу, односно дека со објавата не му наштетила на никого.

Пауло Ордовеза, кој открива лажни вести во вирални натписи на својот профил на Твитер, објаснува дека споделувањето на ваквите натписи се поради „алчност за виралност“, тврдејќи дека луѓето „предозираат со еуфорија кога ќе видат многу лајкови и споделувања“ на своите постови.

Ерин Вогел, социјален психолог од универзитетот Стенфорд, тврди дека е така лесно луѓето да се справат со појава на пандемија, колапс на економијата и ненадејна изолација.

„Во време кога сите сме многу осамени, искушувани сме да споделуваме работи што ќе им донесат надеж на луѓето“, вели таа, додавајќи дека вестите за животните и природата кои се опоравуваат за време на оваа криза „ни помагаат да имаме чувство дека се има смисла и цел и дека постои причина да го поминеме ова“.

Слични содржини