На „Табановце“ се чека 30 минути за влез и излез од земјава

од Берта Китинска

Автомото сојузот на Македонија информира дека утрово на граничниот премин „Табановце“се чека околу 30 минути за влез и излез од земјава, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања,

Оттаму за денеска најавуваат краток прекин на сообраќајот на делницата Пресека-Врбјани, на патниот правец Кичево-Охрид, во периодот од 11:30 до 14:30 часот. На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива непречено.

Слични содржини