На „Табановце“ уапсен Романец

од Milan1

Вчера во 14.00 часот на „Граничниот премин Табановце“, при пасошка контрола било утврдено дека Г.Ј.(31) од Романија, сопатник во патничко возило „мерцедес”, со скопски регистарски ознаки, управувано од лице од Скопје, е евидентиран на стоп-листата од СВР Струмица како можен извршител на кривично дело по чл.236 став 1 од Кривичниот законик.

Тој бил лишен од слобода, а при дополнителен преглед на останатите сопатници во возилото, кај неговата сопруга Б.Т.(35) од Романија биле пронајдени 3.300 евра, кои во консултација со Јавен обвинител привремено биле одземени, информираат од МВР.

Слични содржини