На терен 2 хеликоптера: Пожарот кај Сарај тешко се гаси поради корењата на дрвјата

од Берта Китинска

Денеска во Центартот за управување со кризи се одржа состанок со офицери за врска од Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, како и француски експерти за гаснење на високо ризични пожари.

На овој состанок беше разгледана состојбата со пожарите и се договори стратегија за дејствување во денешниот и утрешниот ден.

-Пожарот кој што повеќе дена гори во Општина Сарај е специфичен пожар, затоа што откако ќе биде изгаснат површински, продолжува да горат корењата на дрвјата подземно и повторно доаѓа до активирање на пожарот.Од тие причини во текот на вчерашниот ден 10 припадници на полициската специјална едниница, придружени со француските инструктори се спуштија од врвот на планината кон подножјето, при што рачно беа изгасени сите оние жешки точки кои што беа видливи, но пожарот во текот на ноќта повторно се активира.За утре е договорено 30 припадници на специјалната полициска единица со соодветна опрема заедно со француските експерти кои што работат со специјални дронови за пожари со термални камери кои можат да го откријат огнот кој е под земја.Од утрово во гасењето на овој пожар дејствуваат 2 хеликоптери, соопштија од ЦУК.

 

Слични содржини