На тинејџер од Германија му е одземена возачката дозвола 49 минути откако му била издадена

од desk2

Еден тинејџер успеал да ја изгуби возачката дозвола само 49 минути откако ја добил, соопштила германската полиција.

Ова 18-годишно момче се враќало дома по успешно положениот тест, кога го запрела полицијата во градот Хемер, користејќи ласерски пиштол за детектирање на брзината.

Полицијата соопштила дека момчето возело два пати побрзо од дозволената брзина, односно 95 километри на час во зона во која ограничувањето е 50 километри на час.

“Некои работи траат вечно, а некои ни цел час”, соопштила полицијата.

Момчето возело четири пријатели во автомобилот, се наведува во соопштението и додал дека можеби пробувал да ги импресионира со возачките вештини. Поради тоа, неговата возачка дозвола му е одземена на четири недели, но од полицијата соопштуваат дека ќе ја добие назад по “скапите дополнителни часови”.

Тој, исто така се соочува со казна од 200 евра и два казнени поени кога повторно ќе ја добие возачката дозвола, а пробниот период за нов возач му е продолжен од две на четири години, наведува “BBC”.

Слични содржини