На целата територија на државата паѓа снег со променлив интензитет, АМСМ препорачува внимателно управување со возилата

од Vladimir Zorba

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на планинските премини, соопшти Автомото сојузот.

На целата територија на државата, како што се посочува, паѓа снег со променлив интензитет, Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини