На вчерашен ден, во 2004 година: Kако се создаде светската империја од мала просторија на Харвард?

од Nikola Popovski

Марк Цукерберг имал само 20 години кога ја основал најпопуларната социјална мрежа, за дружење и поврзување на луѓе, а тоа е Фејсбук.

 

Сè започна на 4 февруари 2004 година, од мала просторија на Харвард, а успешниот Американец наполни 21 година на 14 мај истата година. Тој беше исклучително млад, но пред својата генерација.

 

Можеби звучи неверојатно, но 60,6 проценти од корисниците на Интернет своето време го поминуваат на Фејсбук, а освен Епл, Мајкрософт и Амазон, се смета за највредна американска компанија. Секој ден, околу 35 милиони луѓе го менуваат својот статус на оваа мрежа.

 

Од 2012 година, тие интензивно започнаа да ги купуваат ривалите како Инстаграм, WhatsApp и Oculus, а Facebook даде 22,4 милијарди долари за таа намена. Фејсбук може да се пофали и со десетици милиони деловни страници.

 

Според сегашните податоци, заклучно со јануари 2021 година, нето-вредноста на Марк Цукерберг е 90 милијарди долари. Неговата компанија профитираше значително за време на пандемијата, поради мерките за карантин.

 

Сепак, Цукерберг во последно време честопати беше „под лупа“ поради начинот на бизнис на Фејсбук и другите компании, а најновите вести се поврзани со WhatsApp и најавените измени.

 

Да ве потсетиме, на повидок е нова војна меѓу технолошките гиганти. Имено, директорот на Apple ги повика законодавците да ја регулираат работата на Facebook.

 

Тим Кук рече дека „на технологијата не и требаат огромни складишта на податоци собрани од разни страници и апликации за да успеат на пазарот, бидејќи рекламната индустрија функционира со децении без неа“.

Слични содржини